Ресторан ВИА ИГНАЦИЈА

Во недопрената природа на историското Вевчани, на само неколку километри од охридското крајбрежје, повеќе од 30 години ресторанот "ВИА ИГНАЦИЈА" претставува синоним за одличен вкус, гурманска храна и највисоки угостителски стандарди. Во оваа смисла, на најсликовит начин, ваквата констатација се доловува преку широко прифатената синтагма: "КОГА ОДАМ ВО ВЕВЧАНИ, ОДАМ ВО ВИА ИГНАЦИЈА".

"ВИА ИГНАЦИЈА" е еден од малкуте ресторани на охридската ривиера кој од Министерството за Економија има добиено висока категоризација од четири ѕвезди. Опкружен со бујна вегетација која во спој со традиционалното вевчанско гостопримство и автентичниот природен амбиент, прави овој ресторански комплекс да прерасне во место кое пленува од првиот миг.

Врвната храна подготвена од нашите професионални готвачи во кои е вткаено наследството од нашите предци, чиј носечки елемент се органските еколошки состојки одгледани во кругот на Ресторанот е нашироко препознаена и прифатена.

 

 

Популарните:

  • Салати;

  • Производите од тесто какви што се вевчанскиот традиционален "виткалник" и "комат";

  • Вевчанската скара подготвена од одбрано месо;

  • Полжавите "А ЛА ВИА" кои се одгледуваат во ресторанската фарма;

  • Свинското месо подготвено на традиционален начин под сач;

  • Свежата риба, одгледана во ресторанските рибници, како и

  • Домашните десерти во кои е вткаен вкусот на органското еколошко овошје кое се произведува во Ресторанот

се нашата најдобра референца која ги мами посетителите постојано да се навраќаат во "ВИА ИГНАЦИЈА" и во Вевчани.

Ресторанот во својот внатрешен дел има капацитет од 120 гости, додека терасата има капацитет од 150 гости. Во составот на "ВИА ИГНАЦИЈА" има и:

  • ЗОО парк;

  • Рибник;

  • Фарма за одгледување на полжави;

  • Градина во која се одгледуваат органски производи;

  • Детско катче;

  • Голема полјана, како и

  • Уреден паркинг простор.

 

 

 

Имајќи го во предвид споменатото, наспроти динамичното секојдневие, "ВИА ИГНАЦИЈА" е одличен избор за вашиот одмор, за прекрасни семејни ручеци, прослави, конференции или за конгреси.

Водејќи се од потребите на гостите Ресторанот Виа Игнација располага со апартманско сместување од највисока категорија.

Контакт информации

Phone number: 
(+389)71305416
(+389)70871599